АктуелноДомашна сценаТаеквондо
Македонската таеквондо федерација утре свечено ќе додели плакети за најдобрите учесници во Лига-системот на МТФ за 2025 година

Македонската таеквондо федерација (МТФ) утре со почеток во 19:00 часот, во големата сала на Општина Бутел, ќе го одржи свеченото доделување на плакети за најдобрите учесници во Лига-системот на МТФ за 2025 година.
„Овој настан претставува признание за посветеноста, трудот и спортскиот дух на нашите спортисти и клубови.
МТФ претставува пример за добро организиран спортски систем кој континуирано гарантира врвни спортски резултати и развој на олимпиското таеквондо во Македонија“, истакнуваат од МТФ на Фејсбук.



