Титан – новиот ММА клуб во Штип

Титан е новиот ММА клуб во Штип. Постои околу три месеци, вкупниот број на борци засега е пет члена.
„Клубот за мешани боречки вештини „Титан“ од Штип постои релативно кратко време, но затоа за кратко време успеа да се наметне како сериозен фактор на домашната боречка сцена, со посветена работа, дисциплина и квалитетен тренажен процес. Клубот веќе бележи значајни спортски успеси и одлични резултати на натпревари“, вели главниот тренер Јонче Манојлов.

Списокот на натпреварувачи го сочинуваат Влатко Василевски, Александар Миланов и Стефан Стојков (боксери и бопрачи -н.з.), додека претседател на клубот е Петар Тодев.
„Моментално преговараме за соработка и со сите други боречки спортови, однсонос клубови за да создадеме една целина кај нашите борци кои ќе го преставуваат нашиот клуб во Штип, како и Македонија. Оваа боречка вештина засега се уште е нова и е во експанзија на македонската спортска сцена. Ние како тим се залагаме за овој спорт и сите знаеме која е тежината на овој спорт со нов почеток“, истакнува Манојлов и додава:
„Како тренер во екипата го имаме Гордан Николов кој се фокусира на борењето. Секако, ќе имаме и други тренери кои ќе ги учат ММА борците на нивните спортови, за да се подигне квалитетот кај овој спорт“.
„На второто Државно првенство во ММА кое се одржа во Скопје со учество на осум клубови од Македонија, двајца членови на Титан станаа државни прваци, а еден е втор“, вели Манојлов и нагласува:
„Секако дека овде не застануваме и ги подготвуваме нашите борци за понатамошни успеси. Сега ќе има Балканско, па Европско првенство и сакаме да се подготвиме и земеме учество со нашите натпреварувачи. Со отварањето на клубот отчекуваме голем одѕив, притоа верувам дека подмладокот ќе го докаже квалитетот на овој спорт во нашиот град. Со нашето тимско и стручно работење како тренери и мотивацијата кај спортистите ќе постигнеме резултат, како на домашен така и на меѓународен план“.
Ќе истакнеме дека има спор за тоа кој ги има правата на ММА спортот во Македонија. Имаше најави и за поведување на судски спор. Пред неколку месеци имаше и обид за формирање на ММА федерација кој беше неуспешен.
П.С. Се извинуваме за ненамерното дефинирање како прв ММА клуб.



