Медалистите од Светското кикбокс првенство имаа прием на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје

Освојувачите на медали од Светското кик бокс првенство за сениори во Абу Даби, Обединети Арапски Емирати, имаа прием на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, како што велат од таму, прием достоен за шампиони!
Деканот на ФФОСЗ Влатко Неделковски свечено ги прими студентите.
„Вистински спортски херои кои ја претставуваа Македонија на Светското првенство во кикбокс во Абу Даби, настан од највисок ранг со учество на над 60 земји и повеќе од 2.000 врвни натпреварувачи од целиот свет“, истакнуваат од ФФОЗС.

Во жестока и бескомпромисна конкуренција, нашите репрезентативци покажаа срце, знаење и карактер, освојувајќи: Стефан Михајловски – сребрен медал и Силвио Мировски – бронзен медал, со што уште еднаш го истакнаа македонското знаме на светската спортска мапа.
На приемеот беше и Максим Митровски од КБК Шампион – кој се закити со златен медал и пехар за најдобар сениор на ринг во дисциплината лоу кик на Балканскиот куп „Балканс бест фајтер” во Ниш, Србија.

„Деканот на ФФОСЗ проф. д-р Влатко Неделковски и проф. д-р Жарко Костовски (професор по боречки спортови) им честитаа за извонредниот успех, истакнувајќи дека ФФОСЗ е горд дом на шампиони кои со своите резултати се пример за посветеност, дисциплина и врвни вредности во спортот. Овој успех е уште една потврда дека ФФОСЗ создава лидери, победници и амбасадори на македонскиот спорт“, истакнуваат од ФФОСЗ.
Претседателот Кикбокс маитаи федерацијата на Македонија, Дејан Митровски-Урко, изрзува благодарност до Факултетот, посебно до деканот проф. д-р Влатко Неделковски, продеканката за настава проф. д-р Андријана Мисовски и професорот по боречки спортови проф. д-р Жарко Костовски за целокупната поддршка и овозможената соработка со професорите од ФФОСЗ.
„Нивната помош многу ни помага во остварувањето на врвни резултати. И сме среќни што имаме една ваква постава на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје која секогаш мисли за своие студенти“, вели Митровски.



