Државно првенство во кендо – Вардар шампион во екипна конкуренција

Во Скопје се одржа 15. Државно првенство во кендо на Македонија.
На отворањето на турнирот присуствуваше амбасадорка на Јапонија во Македонија, Сетсуко Кавахара, која во нејзиниот говор потенцираше дека амбасадата ќе ја поддржува Кендо федерацијата како дел од нивната култура и традиција.

На заврсниот натпревар за 2025 година македонските кедонки ги одмерија силите и ја покажаа нивната ментална и физиќка подготвеност, затоа имаше неколку изненадувања во борбите.
Победници по возрасни категории – Државно првенство:
Пионери
1.Меланија Крстевска
2.Максимилијан Климоски
3.Михаил Миленковиќ
3.Марко Петрески
Борбен дух Златјан Јанков
Кадети
1.Гордан Чоланчески
2.Јована Андоноска
3.Давид Алексовски
3.Василиј Ристески
Јуниори
1.Димитар Крстевски
2.Гордан Чоланчевски
3.Матеј Илиоски
3.Давид Алексовски
Жени
1.Ивона Лазаровска
2.Ангела Атанасовска
3.Меланија Крстевска
4.Јована Андоновска
Мажи
1.Матеј Ивановски
2.Александар Кесковски
3.Александар Петрески
3.Димитар Крстевски
Борбен дух Владимир Пешков
Екипно
1.Вардар
2.Тенгу
3.Јошин
3.Охрид

„По кратка пауза околу новогодишните празници, почнуваме со подготовки со полна пареа за следните предизвици, турнирте во Солун, Будимпешта, Балканското првенство во Белград и Европското првенство во Подгорица во јуни 2026.
Стручниот штаб на Федерацијата е задоволен од потенцијалот на македонските кендоки“, истакнуваат од Кендо федерацијата и додаваат:
„Во втората половина на јануари 2026 година јуниорскиот тим и тренерот ќе патуваат во Фукуока и Окајама, Јапонија, каде што ќе имаат можност да тренираат со нивни врсници и сенсеи од највисок ранг. Планираме ваквиот тип на посети да станат дел од секоја годишна програма“.



