
Максим Митровски (-75 кг) и Ахмед Халдун (-81 кг) од Шампион се пласира во финалето на 10.Меѓународен кикбокс куп „Балканс бест фајтерс“ во дисцплината лоу кик откако во полуфиналето Максим славепше против Матија Антовиќ со 3-0, а Ахмед над Драгиша Јаковљевиќ со 2-1, и двајцата од Србија.

Митровски во финалето ќе се сретне со Павле Стојшин од Србија, а Халдун со Никола Радосављевиќ од Црна Гора. Во категоријата -81 кг Дејан Панов од Аждер освои бронза.

Утре ќе има повеќе финални борби бидејќи неколку кикбоксери имаат дирекен пласман во финалето.
Македонија настапува со 111 кикбоксери со 123 натпреварувачи влезови од 19 клуба.
На Балкан бест фајтерс ќе настапат 248 кикбоксери со 265 натпреварувачки влезови од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Бугарија и Црна Гора.



