Конор Мек Грегор се ожени со Ди Девлин во Ватикан

Конор Мек Грегор и неговата долгогодишна партнерка Ди Девлин се венчаа во петокот во Ватикан.
Двојката, родители на четири деца, се венчаа на приватна церемонија во црквата Санто Стефано дели Абисини, историска капела во ѕидините на Ватикан.
Според публикацијата, двојката имала тајна церемонија која вклучувала танчери и огномет пред да одржи прием во замок.
37-годишниот Мек Грегор и 38-годишната Девлин се свршиле во 2020 година откако се запознале 12 години претходно.
„Ди е мојот спасител“, рекол тој во 2013 година.
„Немаше да го направам сето ова да не беше таа, тоа е сигурно. Сето тоа го правам за неа“.
View this post on Instagram
Беше бурна година за поранешниот шампион на УФЦ, кој ја завршува 2025 година со позитивна нота. Во март објави дека ќе се кандидира за претседател на Ирска, но ја прекина кампањата во септември. Во јули раперката Азеалија Бенкс во објава на X (која подоцна беше избришана) тврдеше дека Мек Грегор ѝ испратил „несакани“ голи фотографии.
Мек Грегор беше вмешан и во правна битка околу обвиненијата за сексуален напад во Ирска. Во ноември 2024 година поротата во Даблин го прогласи за виновен за сексуален напад и силување на жена, Никита Хенд, која го обвини за инцидент во 2018 година и му наложи да плати речиси 250.000 евра отштета. Мек Грегор ги негираше обвиненијата, велејќи дека средбата била консензуална, и поднесе жалба.
Во јули 2025 година Ирскиот апелационен суд ја отфрли неговата жалба по сите основи, потврдувајќи ја првичната пресуда. Понатамошен обид за жалба беше отфрлен на почетокот на декември.



