АктуелноБоксДомашна сцена
Во недела ќе се одржи последното 6.коло на Првата и Младинска лига во бокс

Во недела во Скопје ќе се одржи последното 6.коло на Првата и Младинска лига во бокс.
Колото ќе одржи во салата „Македонски херои“ при Факултетот за физичка култура и здравје со почеток во 15 часот.
По пет кола на водечките позиции се Аперкат во Првата и Фамилија Демирови во Младинската лига.
Интересно ќе биде во Првата лига, бидејќи Шкендија но лимит има најголеми шанси да го загрози водечкиот Аперкат, но може да се вмешаат и Шкупи и Алексо Огненовски.
Последното коло е во организација на БК Аперкат и Боксерската Федерација.




