АктуелноДруги вештиниИ друго

Спортистите од боречките спортови главни претенденти за „Спортист на годината 2025“

Националните спортски федерации ги објавија официјалните номинации за традиционалниот избор „Најдобар спортист на Македонија за 2025 година“. Престижните награди ќе бидат доделени во повеќе категории, а големата свеченост е закажана за 18. декември.

Гледано од акспект на боречките спортови и вештини, во повеќе категории во конкуренција за спортист на годината се се спористите од овие спортови

Во најатрактивната – машката сениорска категорија – во најтесен круг влегоа пет врвни спортисти: капитенот на фудбалската репрезентација Енис Барди, боксерот Ален Рустемовски, кик-боксерот Стефан Михајловски, атлетичарот Андреас Трајковски и борачот Владимир Егоров.

Кај дамите конкуренцијата е подеднакво силна. За титулата ќе се борат каратистката Ангела Мојсовска, фитнес и боди-билдинг шампионката Катерина Попева, фудбалерката Александра Марковска, џиу-џицу борачката Катерина Ацевска и шампионката во спортски танци Сашка Колевска.

Номинации за најдобар тренер добија: Магомед Ибрагимов (борење), Методија Ангелевски (пливање), легендарниот ракометар и сегашен селектор Кирил Лазаров (ракомет), Дејан Митровски (кик-бокс) и Кристијан Кајчевски (атлетика).

Награди ќе бидат доделени и во категориите: најдобра репрезентација, најдобар млад спортист и спортистка (до 20 години), како и најуспешен спортист со инвалидитет. Гласањето традиционално го спроведуваат спортските новинари и претставници на федерациите, а името на 65. лауреат на највисокото домашно спортско признание ќе биде објавено на свечената церемонија на 18 декември.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON