АктуелноБоксПрофесионален

Крафорд откри колку пари сака за реваншот со Канело

Неприкосновениот шампион во супер средна категорија Теренс Крафорд (42-0, 31 нокаут) откри каква понуда би требало да прифати за да прифати реванш против Канело Алварез.

Непоразениот американски борец, кој се искачи за две тежински категории, во септември со едногласна одлука ја победи мексиканската суперѕвезда.

Со оваа победа Бад стана првиот борец во историјата што станал апсолутен шампион во три различни категории по тежина и го зацврсти статусот како еден од најдобрите боксери денес.

Следниот потег на Крафорд сè уште е непознат, но се шпекулира дека Канело сака втора шанса против Американецот, а наводно имало и некои разговори.

Сепак, интересот за борбата малку се намали кога почна да се зборува за пари.

Имено, Канело доби 150 милиони долари за првата борба, додека заработката на Крафорд беше значително помала, наводно 50 милиони долари.

Крафорд ги поседува сите појаси и сега може да ги диктира условите во преговорите, а еден од неговите тренери, Берни Та Боксер, вели дека неговиот боксер има цена за реванш.

„Ќе го кажам повторно, ако Бад не добие 100 милиони долари, реваншот нема да се случи. Тоа се зборовите на Крафорд“, рече Берни Та Боксер.

Најсилниот аргумент за таквото барање од Крофорд е огромната финансиска разлика во првата борба. Барајќи 100 милиони долари за реванш, Крафорд едноставно бара сума што го одразува неговиот новостекнат статус како победник и нов неприкосновен шампион.

Мотивацијата на Канело за реваншот е да го врати својот статус на неприкосновен шампион и да го поправи наследството што беше оштетено во последната борба. А Крафорд сега ги поседува средствата што му се потребни на Мексиканецот.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON