Меѓународна сценаММА

Мајкл Чендлер: Ќе се борам со Конор Мек Грегор во Белата куќа

Поранешниот предизвикувач за титулата во лесна категорија на УФЦ, Мајкл Чендлер, даде силна изјава за неговата долгоочекувана борба со Конор Мек Грегор.

„Борбата во Белата куќа ќе се одржи. Мек Грегор веќе донесе спаринг партнери во својот табор кои го имитираат мојот стил. Ќе се борам со Конор во јуни во Белата куќа – Бог да ме благослови“, изјави Чендлер за Чемпионшип раундс.

Чендлер има 39 години и последен пат се бореше во април 2025 година, кога загуби со технички нокаут од Педи Пимблет. Мек Грегор, кој има 37 години, не стапнал во октагонот од јули 2021 година, кога претрпе тешка повреда на ногата во третата борба со Дастин Пориер.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON