АктуелноБоксПрофесионален
Тимот на Дионтеј Вајлдер реагира на желбата на Усик за борба

Менаџерoт на поранешниот светски шампион во тешка категорија, Дионтеј Вајлдер, Шели Финкел, го коментираше барањето на Александар Усик следната година да се соочи со „Бронзениот бомбардер“.
„Усик е одличен шампион. Имаме планови за следната година и би сакале Александар Усик да биде дел од нив. Доколку добиеме вистинска понуда, отворени сме за таа борба“, изјави Финкел за Скај спорт.
Вајлдер (44–4–1) е професионалец од 2008 година и останува еден од најопасните нокаутеаи во тешка категорија. Усик, пак, неодамна изјави дека сака Вајлдер да му биде следен противник.



