АктуелноБоксПрофесионален

Му направија план на Усик: Повторно ќе испишува историјата

Поранешниот предизвикувач за светска титула во тешка категорија, Дилиeн Вајт (31-4, 21 КО) од Велика Британија, го изрази своето мислење за ситуацијата со новокрунисаниот шампион на ВБО, Фабио Вордли (13-0, 11 КО) за време на интервју за локален боксерски канал на Јутјуб.

Дилиен го коментираше паметниот потег на поранешниот двократен апсолутен шампион во тешка категорија,Александар Усик (24-0, 15 КО). Според Вајт, во иднина Украинецот ќе се бори против Вордли.

Потсетуваме дека Усик се откажа од титулата на ВБО, а Фабио беше промовиран во светски шампион поради победата над Џозеф Паркер.

„Нема причина таа борба да не се случи. Усик е многу паметен човек. Но, пред сè, честитки до Фабио Вордли. Неверојатно сум горд на него. Бев негов менаџер две или три борби. Секогаш беше лојален, секогаш слушаше што имавме да кажеме, комунициравме и ги координиравме плановите заедно“.

„Но да, Александар Усик е паметен човек. Сака да стане трикратен апсолутен шампион во тешка категорија. Што е подобро за него – да ризикува да ја брани титулата на ВБО против предизвикувач или да се бори со некој друг кој е шампион и да стане трикратен апсолутен шампион? Никој не го направил тоа во историјата на боксот. Тој е многу паметен човек затоа што ќе се бори со Фабио. Нема други опции освен да се бори со Фабио. Ќе се бори со него, но мора да размислува за бизнис. Александар се борел со сите, направил сè, па затоа мисли: „Имав таква кариера што сега ми треба нешто за да станам наутро. Што ќе правам нутро? Трикратен апсолутен шампион, да се испише историја. Тој е многу паметен човек и ќе се бори со Фабио“, рече Вајт.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON