АктуелноДомашна сценаКарате

„Олимписка карате тупаница“ за првите медалисти во независна Македонија

По повод одржувањето на традиционалната карате-до средба на карате генерациите од Македонија која се одржа на 15.11.2025 година, Унијата на карате ветерани на Македонија додели специјални признанија на заслужни каратисти носители на европски и светски медали во сениорска, младинска и кадетска конкуренција, како и промоција на заслужни карате-до мајстори и поддржувачи за ширење, развој и афирмација на карате-до и македонската држава на меѓународен план.

Остана фактот дека се уште нашата држава не го одбележа овој исторски момент.

По осамостојувањето на Република Македонија и нашиот излез од Карате сојузот на Југославија (од КСЈ, КСМ излезе на 10 март 1992 година), претседателството на Карате сојузот на Македонија, едногласно за Национален тренер и селектор на категоријата помлади сениори/младинци и кадетската репрезентација во спортска борба – кумите го избра Чедомир Саздовски, при што, воедно го именува и за претседател на штотуку формираниот Стручен совет кој имаше за задача да се грижи за успешно селектирање и подготовка на нашите државни репрезентативци.

По преземањето на оваа високо одговорна стручно-педагошка и организациска функција, Саздовски пред себе си постави две основни задачи и тоа:

-првата задача била да изгради квалитетен, стручно-педагошки и организациски систем на селектирање на каратистите со целосна вклученост на клупските тренери на потенцијалните, а потоа и избрани репрезентативци, материјално и просторно обезбедување на соодветни услови, со цел успешно одвивање на целокупниот тренажен процес;

-втората задача била, македонските каратисти да се вклучат во борбата за медал (а ова беше наш прв настап на Европско првенство како независна Македонија), при што истиот настојувал да ги избере/селектира каратистите со најголем потенцијал, но и со широка поддршка на сите чинители во овој процес, како би можел, низ долг и макотрпен тренажен процес на подготовки, да подготви карате репрезентативци кои ќе бидат способни да одработат 6 до 8 тешки мечеви во ист ден на извонредно високо и квалитетно натпреварувачко ниво и со висока психо-физичка и техничко-тактичка подготвеност.

Процесот на селектирање отпочнува по завршувањето на „Трофеј Македонија“, кој се одржуваше во организација на АКК Студент во месец мај-1992 година со објавување на широкиот список на кандидати во конкуренција на помлади сениори/младинци и кадети, при што во секоја тежинска категорија биле евидентирани по 8 до 12 потенцијални кандидати за состав на репрезентацијата на Македонија.

Пред селекторот и национален тренер Саздовски беа девет месеци расположливо време за успешно селектирање и подготвување на каратистите.

По летната пауза и по завршувањето на летниот семинар во Охрид, првиот официјален селекционен/изборен турнир се одржа во Вевчани на 18 август 1992 година.

Во периодот што следеше се одржаа голем број изборни турнири, ревијални мечеви, бод систем мечеви, за да на 16.01.1993 година во Кочани, по одржување на последниот изборен турнир, селекторот Саздовски го објавува и официјалниот список на репрезентативци за настап на 18-сетиот Европски карате шампионат за помлади сениори/младинци и кадети.

КАДЕТИ:

1.Раман Бајрамов-60 кг, Партизан-Кочани;
2.Ангел Георгиев-65 кг, Партизан-Кочани;
3.Давор Паниан-70 кг, Студент-Скопје;
4.Игор Митровски-75 кг, Студент-Скопје;
5.Дејан Стојковски +75 кг, Студент-Скопје

МЛАДИНЦИ:

1.Петар Белистојаноски-60 кг, Еуроинвест-Прилеп;
2.Дејан Димитријевиќ-65 кг, Лепенец-Скопје;
3.Александар Аврамовски – 70 кг, Енергопромет-Скопје;
4.Елвир Куртановик-75 кг, Цветан Димов-Скопје;
5.Зоран Пејов-80 кг, Вардар-Скопје;

За настап само во екипна конкуренција:

6.Владимир Никуљски – Студент-Скопје;
7.Ивица Митревски – Водно-Скопје;
8.Илче Стојчев – Пелистер-Битола.

КАТИ ПОЕДИНЕЧНО:

1.Александра Величковска – Аеродром – Скопје
2.Жарко Стојановски – Орце Николов – Скопје

Како на први носители на европски медали во конкуренција на сите спортови во Македонија, Унијата на карате ветерани на Македонија додели специјална плакета „Олимписка карате тупаница“ на каратистите:

1.Елвир Куртановиќ – европски златен медал-младинци/помлади сениори-1993 Кардиф, Велс;
2.Зоран Пејов – европски бронзен медал-младинци/помлади сениори-1993 Кардиф, Велс;
3.Ангел Георгиев-европски бронзен медал-кадети-1993 Кардиф, Велс;

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON