Фабио Вoрдли упати директен предизвик до Александар Усик

Новокрунисаниот светски шампион во тешка категорија на ВБО, Фабио Вордли, изјави дека неговиот најпосакуван следен противник е човекот кој индиректно му ја додели титулата – Александар Усик.
Вордли стана полноправен шампион откако Украинецот одби да го брани задолжителниот појас и му беше одземен апсолутниот статус во тешка категорија.
„Би го избрал Усик. Ова беше борбата кон која се стремевме уште откако ја освоив привремената титула на 25 октомври“, изјави Вордли за Скај спортс. Британецот нагласи дека целиот негов тим се подготвувал за оваа борба и испрати јасна порака: „Ако тој или неговиот тим ве гледаат – размислете повторно, јавете се и можеме да направиме нешто“.
По одбивањето да ја брани задолжителната титула, идните планови на 38-годишниот Усик остануваат нејасни.



