АктуелноБоксДомашна сцена

Иса Бајарам е најдобар боксер на 4.Меморијален турнир „Јордан Мијалков“

Иса Бајарам од Пинк пантер тим е прогласен за најдобар боксер на 4.Меморијален турнир „Јордан Мијалков“ во Штип, односно 4.коло на Опен Балкан купот и Олимписки надежи.

Бајрам ги одмери силите со Милош Тијаниќ од Константин (Србија). Уште од првата секунда тргнаа во жестока размена на удари. Ова темпо се одржуваше до крајот на рундата, а Иса беше подобар. И во наредните две темпото малку попушти, но се боксираше максимално атрактивно, а публиката беше на нозе скандурајќи го неговото име. Победата не беше довдена во прашање, судиите гласа во негова корист.

Најдобар домашен боксер е Матек Смилсевски од Ронин, Енис Алиу и Џелјан Тоскиќ од Нови Пазар се прогласени за најбирбен пар. Али Расимов од Пинк пантер е најмлад боксер, а Омар Баховиќ од Бјело Полје е најдобар странски боксер. Најдобар техничар е Андрија Трајковиќ од Радник, Марко Чурлиновски е перспективен боксер. Најдобар тренер е Роби Нема од Константин, а Милош Обрадовиќ најдобар судија.

Добри борни прикажаа Матејк Смилески, Марко Чурлновски, како и Александар АПнов и Стефан Новаков (Србија). А, сите оние кои останаа до крај не зажалија, бидејќи сениорите Енис Алиу и Џелјан Тоскиќ прикжаа одлична борба со многу пресврти, а победата му прпадна на нашиот репрезентативец.

Илија Младеновски и Димитар Ташков водечките луѓе на Пинк пантер уште еднаш покажаа дека се беспрекорно организатори. Исполнетата сала е награда за сите, а се навиваше страсно.

Резултати

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON