АктуелноДомашна сценаТаеквондо

Милијана Рељиќ ја потпиша олимписката стипендија за Олимписките игри во Лос Анџелес 2028

Со големо задоволство информираме дека Милијана Рељиќ, учесник на претходните ОИ Париз 2024 и наша најдобра таеквондистка, денеска свечено го потпиша договорот за олимписка стипендија за ОИ Лос Анџелес 2028, информираат од МОК.

Потпишувањето се одржа во просториите на Македонскиот олимписки комитет, каде Милијана го официјализираше својот пат кон олимпискиот сон.

„Оваа стипендија е заслужено признание за нејзиниот постојан труд, исклучителен талент и неверојатна посветеност кон таеквондо спортот. Стипендијата ќе ѝ овозможи финансиска и логистичка поддршка во претстојниот четиригодишен циклус, покривајќи ги трошоците за:

-интензивни тренинзи

-учество на врвни меѓународни натпревари

-подготовка со елитни тренери

-спортска исхрана и рехабилитација.

Милијана Релиќ е вистински пример за генерациите и нејзината посветеност е најдобрата мотивација за сите млади спортисти. Македонскиот олимписки комитет и целата спортска јавност стојат зад неа, верувајќи во нејзиниот успех на ОИ во Лос Анџелес во 2028 година.

Ѝ посакуваме многу здравје, среќа, истрајност и успех во остварувањето на нејзината олимписка цел“, истакнуваат од МОК!

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON