Макпетрол најтрофеен македонски карате клуб на балканските првенства

Во следниот текст ќе дадеме преглед за освоени медали од учествата на балканските првенства на овој спортски колектив, во временски период од од1999-2025 година.
Минатата седмица во Риека, Хрватска се одржа Балканското карате првенство за кадети, јуниори и постари јуниори (У-21). На првенството учествуваа 13 држави со 1390 пријавени спортисти. Каратистот на „Макпетрол“ Данило Божовиќ на ова првенство постигна најголем државен успех. Тој освои вкупно два медали од кои еден златен и еден сребрен медал. Овие нови постигнувања ни дадоа за идеја да го претставиме точниот број на освоени медали, само од овој тип на натпревари, „Балканските првенства“ и тоа за временскиот период од 1999-2025 година
Фото – Сениорскиот тим 2025 – година По бројот на освоени медали од балкански првенства Макпетрол е најтрофеен македонски карате клуб на сите времиња во Македонија.
Фото – Макпетролтим 2024 – година
Повеќеде цениската доминација на „Макпетрол“ се должи на тоа што овој спортски колектив секогаш имал два сениорски тима. Еден тим кој настапувал во машка конкуренција и еден сениорски тим во женска конкуренција. Долгогодини двата тима суверено доминираа и не дозволуваа да има големип ромени во однос на генералниот пласман. Речиси секогаш по број на освоени медали во „генералниот пласман“ клубот беше на првото место на сите државни првенства.
Успешноста која во континуитет ја постигнува овој спортски колектив во изминатите години, покажува дека во македонската карате историја Карате клубот Макпетрол по број на освоени медали е најтрофеен и најуспешен карате клуб. Епитетот најтрофеен заслужено го носи поради фактот што овој спортски колектив има во својата ризница. Најмногуо своени медали од сите видови нанатпревари кои се организираат од странана: Карате федерацијата на Македонија (КФРСМ), Балканската карате федерација (БКФ), Европската (ЕКФ), Светската карате федерација (ВКФ), како и Универзитетските европска (ЕУСА) и Светска универзитетска федерација (ФИСУ).
Во оваа статија ќе бидат презентирани освоените медали од Балканските првенства и тоа за сите возрасни категории, кадети, јуниори постари, јуниори (У21) и сениори-ки.
Во табеларен приказ најнапред ќе ги прикажеме вкупниот број на освоените медали за сите возрасни категории од сите Балкански првенства за дадениот временски период..
- Освоени медали на клубот Макпетрол од учества на сите балкански првенства за периодот од 1999-2025 година.
Во Табела бр.1, дадени се вкупниот број на освоени медали на клубот „Макпетрол”, од сите балкански првенства организирани од страна на БКФ, (Балканската карате федерација која е составена од 13 држави). Да нагласиме дека на балканските првенствата имаа право да учествуваат само првите четворица во секоја тежинска категорија од секоја држава.
Табела1 – Вкупен број на освоени медали од балкански првенства во период од 1999-2025 година ,на каратисти од КК Макпетрол – Скопје
| Балкански првенства 1999-2025 год. | Златни | Сребрени | Бронзени | |
| Број на освоени медали | 41 | 64 | 104 | 209 медали |
Од прикажаната Табела за период од 1999-2025 година, од учества на балканските првенства клубот Макпетрол освоил вкупно 209 (двесте и девет медали).
0д кои 41 златен, 64 сребрени и 104 бронзени медали.
Во следната Табела бр.2, прикажани се освоените медали по возрасни категории на спортисти:
- Сите медали кои се освоени имаат своја тежина и вредност, но сепак сениорските медали се највредни и најтешки за освојување, затоа тие во спортот имаат и највисок рејтинг. Во секој спорт, сениорските постигнувања се највисоко рангирани резултати. Клубовите кои имаат сениорски тимови се највисоко рангирани клубови во државата. Бројот на освоени медали вo категорија – сениори го дава точно утврдениот ранг за успешноста на клубот за истражениот временски период.
Табела бр.2 Освојувачи на медали на каратистите од Макпетрол од сите балкански првенства по возрасни категориина спортисти
| Возраст | Златни | Сребрени | Бронзени | |
| Сениори -ки | 4 | 14 | 19 | 37 медали |
| (У21) | 9 | 16 | 24 | 49 медали |
| Јуниори – ки | 4 | 19 | 32 | 55 медали |
| Кадети – ки | 22 | 14 | 26 | 62 медали |
| Пионери-ки | 2 | 1 | 3 | 6 медали |
| Вкупно медали | 41 | 64 | 104 | 209 медали |
Од следната Табела бр.2 можеме да забележиме дека од 1999-2025 година вкупно се освоени 209 медали на балканските првенства
- Од прикажаното може да се забележи дека голем број од медалите, освоени се во највозрасните категории на сениори -ки и постари јуниори од 18-21 година (У21). Во овие сениорски категориикои се и најтешки за освојување на медали поради огромната конкуренција на првенствата да истакнеме дека се освоени вкупно 86 (осумдесет и шест) медали.
- Младинските погони на клубот во јуниорска и кадетска конкуренција. На балканските првенства возрасните групи на јуниори и кадети младински репрезентативци на Македонија освоиле вкупно 117 (сто и седумнаесет) медали.
- Од статистичката анализа на прецизно издвоени резултатски постигнувања кои се однесуваа само за еден тип на натпревари, во случајов само за Балканските првенства. Може да констатираме дека Карате клубот Макпетрол – Скопје е историски најуспешниот спортски колектив кој константно придонесувал за успешноста и развојот на карате спортот во Македонија, постојаноста и вложувањата кои ги имал овој клуб во три децениското постоење со своите резултати и ангажираност во голема мерка придонесувал и за високото рангирање на Карате федерацијата на Македонија, во македонскиот спорт генерално.


Сениорскиот тим 2023 – година
Сениорскиот тим 2022 – година
Сениорскиоттим 2023 – година
Сениорскиоттим 2022 – година
Макпетрол 2008
Макпетрол карате тим 2012 година
Макпетрол 2013 година



