Данил Николиски седми на Светското првенство во џиу џицу во Тајланд

Данил Николиски го освои седмото на Светското првенство во џиу џицу во Банког, Тајланд.
Николиски (У-21, 56 кг) во првото коло загуби на поени од Биржан Кабидула од Казахстан 13-15. Во дабл-три елиминацијата Николиски славеше против репрезентативецот на Романија Габриел Блидариу, но во клучната борба за бронзениот медал загуби од Елио Морети од Италија.
Со овој биланс Данил го освои седмото место.
На СП за У-16, У-18 и У-21 учествуваат 1399 натпреварувачи со 1865 натпреварувачки влезови од 52 држави.
Ќе потсетиме дека сениорката Катерина Ацевска освои бронза, што е прв медал за Македонија во оваа сениорска конкуренција. Ацевска се борепе во категоријата над 70 килограми.
Реултати СП џиу џицу:
Данил Николиски – Биржан Кабидула (Казахстан) 13-15
Дал-три елиминација
Данил Николиски – Габриел Блидариу (Романија) победа
Данил Николиски – Елио Морети (Италија) 0-50 (со ипон)



