Френсис Нгану: Борбата со Џон Џонс ќе биде најголемата во историјата на ММА

Поранешниот шампион во тешка категорија на УФЦ, Френсис Нгану, верува дека борбата меѓу него и Џон Џонс би бил најголемиот настан во историјата на ММА.
„Најголемата борба во историјата може да биде само меѓу Џон Џонс и Френсис Нгану“, изјави Камерунецот за ТМЗ кога беше прашан за можноста да се соочи со Џонс на настан во Белата куќа. „Со сето должно почитување кон другите борци, ги почитувам сите, без разлика дали се борат во главниот настан или во загревачка борба. Секоја борба може да биде одлична. Станав светски шампион борејќи се зад затворени врати во комплексот Апекс, така што не е важно местото на одржување“.
Нгану го напушти УФЦ во 2022 година по конфликт со раководството на организацијата, за кое верува дека се однесувало кон него непочитувачки. Кратко потоа, потпиша договор со ПФЛ, но оттогаш има само една борба.
Во текот на изминатите две години, поранешниот шампион постојано изразуваше желба да се соочи со Џон Џонс, а раководството на ПФЛ исто така ја поддржа идејата. Сепак, претседателот на УФЦ, Дана Вајт, продолжува да ја отфрла можноста за таква средба.



