Џек Дела Мадалена и Ислам Махачев се соочија во Њујорк

Шампионот во полусредна категорија на УФЦ, Џек Дела Мадалена, ќе ја брани титулата против поранешниот шампион во лесна категорија Ислам Махачев во главната борба на УФЦ 322 овој викенд во легендарниот Медисон сквер гарден во Њујорк.
Мадалана и Махачев се соочија денес, само пет дена пред нивната борба на врвот на Емпајр стејт билдинг, со силуетата на Њујорк како позадина за промоција на мега борбата, каде што Махачев би можел да влезе во историјата како уште еден шампион во две дивизии.
И покрај тоа што е поголем борец, „ЏДМ“ не очекува големината да биде важна.
„Мислам дека всушност ќе биде подобро за Ислам“, изјави Мадалена за Њујорк пост. „Мислам дека може да се вложи многу енергија во намалување на тежината, па очекувам да излезе најдобриот Ислам. Мислам дека ќе биде посвеж, поголем, посилен. Не е големо намалување на тежината за мене. Можам да си дозволам неколку парчиња пица денес и ќе ја направам тежината без никакви проблеми. Мислам дека сум со добра големина за велтер категорија, а веројатно и тој ќе биде“.
Покрај мега борбата, во конасловната ќе се одржи и втор шампионски меч, каде што актуелната шампионка во мува категорија Валентина Шевченко ќе ја брани титулата против поранешната шампионка во мува категорија Вејли Жанг, која исто така се стреми да стане шампионка во две категории.
Двајцата борци се сретнаа лице в лице за прв пат на ова епско соочување пред нивната историска борба на УФЦ 322.



