АктуелноДруги вештиниКендо

Успех на „Јошин“ на меѓународниот кендо турнир во Русе, Бугарија!

Викендот на 8 и 9 ноември се одржа третото издание на Меѓународниот турнир во кендо во Русе, Бугарија, на кој учествуваа повеќе од 150 натпреварувачи од неколку европски земји, при што натпреварувачите на Јошин освоија повеќе медали.

Во индивидуалниот дел од натпреварувањето, Владимир Пешков по пет добиени борби се пласира во финалето и го освои второто место. Шампион во категоријата сениори е Вељко Кариќ од клубот Катори – Србија.

Во екипната категорија – јуниори, единствениот наш претставник од Јошин, Димитар Крстевски, настапи во мешан тим со бугарските натпреварувачи Михаил Ганчев и Александар Пашанков, и заедно го освоија првото место.

Сепак, најголемиот успех на турнирот го постигна екипата на „Јошин“ од Скопје, која во екипниот дел ги совлада противниците од ЦРК – Романија, Мусо – Бугарија, Микс тим – Бугарија/Турција и Србија 2, со што го освои првото место и златниот медал!

Составот на победничкиот тим беше: Димитар Крстевски, Олег Бичковски, Андреј Александров, Владимир Пешков и Андреј Атанасовски.

„Турнирот беше одлично организиран од страна на Кендо клуб Русе и Бугарската кендо федерација.

Изразуваме огромна благодарност до организаторот Гаврил Ганчев за гостопримството, професионалноста и прекрасната атмосфера.

Честитки до сите натпреварувачи за одличниот настап и достојното претставување на македонското кендо“, велат од Јошин.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON