Данило Божовиќ е балкански шампион, Рушити и Маргаритов се вицешампиони, бронзи за Зендели и Пецевска

Македонските каратисти денес на Балканското првенство за кадети, јуниори и У-21 во Риека, Хрватска, освоија 4 медали – 1 златен, 2 сребрени и 2 бронзени.
Вкупно, Македонија засега освои 7 медали – 1 златен, 4 сребрени и 3 бронзени.

Во македонското финале до 84 килограми во У-21 Данило Божовиќ беше подобар од Реџеп Рушити. Кај јуниорите Цветан Маргаритов се бореше за златен медал, но загуби од претставникот на Босна и Херцеговина.

Блерина Зендели и Ива Пецевска се закитија со бронзи.

Резултати – Балканско првенство:
Јуниори
-61 кг
Цветан Маргаритов – Јоанис Талосинос (Грција) 1-1
Цветан Маргаритов – Едуардо Тинца (Романија) 5-1
Цветан Маргаритов – Борна Кујунџиќ (Хрватска) 3-1
Цветан Маргаритов – Илир Попоми (Косово) 4-1
Финале
Цветан Маргаритов – Тарик Булјиќ (БиХ)
Кати
Блерина Зендели – Елиф Суде Ѓунеш (Турција) 22,70-22,10
Блерина Зендели – Уна Вучевиќ (Црна Гора) 22,90-21,70
Блерина Зендели – Симај Ајдин (Турција) 23,80-22,00
Блерина Зендели – Гордана Грбиќ (Србија) 21,40-22,90
За бронза
Блерина Зендели – Лара Јурчевиќ (Хрватска) 23,70-22,89
У-21

-55 кг
Ива Пецевска – Амра Халиловиќ (БиХ) 6-4
Ива Пецевска – Назилџан Башар (Турција) 6-4
Ива Пецевска – Хена Механија (БиХ) 0-1
За бронза
Ива Пецевска – Анџела Рауковиќ (Србија) 8-4

-84 кг
Данило Божовиќ – Космин Дуеску (Романија) 4-0
Данило Божовиќ – Ѓорге Дурутовиќ (Црна Гора) 1-0
Данило Божовиќ – Георгиос Чацопулос (Грција) 3-2
Финале
Данило Божовиќ – Реџеп Рушити 2-2
Реџеп Рушити – Фарис Синадиновиќ (БиХ) 4-2
Реџеп Рушити – Николаос Мораитис (Грција) 6-1
Реџеп Рушити – Михаило Гојаковиќ (Црна Гора) 5-3
Финале
Реџеп Рушити – Данило Божовиќ 2-2



