Со медали се закитија и Ера Коџа и Недим Шаќири на Балканското карате првенство во Риека

Македонија првиот ден на Балканското карате првенство за кадети, јуниори и У-21 во Риека, Хрватска, го заврши со три медали – 2 сребрени и 1 бронзен. Нуредин Дервиши и Ера Коџа освоија сребрени медали, а Недим Шаќири бронзен.

Среброто Дервиши го освои во јуниорска конкуренција во претпалдневниот дел, додека Коџа и Шаќири се закитија со медали во втората сесија.
Резултати Балканско првенство:
У-21
-68 кг
Ера Коџа – Теа Крешиќ (Хрватска) 8-1
Ера Коџа – Самра Ханџиќ (БиХ) 5-1
Ера Коџа – Итана Раониќ (Црна Гора) 5-1
Ера Коџа – Каја Топиќ (БиХ) 7-5
Финале
Ера Коџа – Ајла Шиповиќ (БиХ) 3-4
-60 кг
Недим Шаќири – Ловро Маслов (Хравтска) 4-1
Недим Шаќири – Калојан Велинов (Бугарија) 5-1
Недим Шаќири – Борис Загорац (БиХ) 2-0
Полуфинале
Недим Шаќири – Николај Стефанов (Бугарија) 1-4
За бронза
Недим Шаќири – Арда Ахмет Јилмаз (Турција) 5-1
Фото: КФМ



