Пречекана Катерина Ацевска – освојувачка на првиот сениорски медал во џиу џицу за Македонија, и тоа на СП

Освојувачката на првиот сениорски медал за Македонија на Светското првенство во џиу џицу во Банког, Тајланд, Катерина Ацевска вчера беше пречекана од клупските другари, роднини и пријатели.

Катерина освои бронзен медал во џиу џицу фајтинг над 70 килограми, со што докажа дека може да се носи со светската елита, иако по години можеби е и најлмада.

Таа отвора ново поглавје во историјата на боречките спортови во Македонија со освојувањето на сениорски медал. Се надваме дека во блеска иднина ќе не израдува и со злато.


Данил Николиски на 13 ноември ќе настапи во У-21 во категоријата до 56 килограми во џиу џицу фајтинг. Тој е подготвен да докаже дека со секој натпревар е поквалитетн борец.
На СП за У-16, У-18 и У-21 ќе настапат 1399 натпреварувачи со 1865 натпреварувачки влезови од 52 држави.



