АктуелноБоксПрофесионален

„Тука има многу Украинци и лесно би можеле да го наполниме стадионот. Ако Усик прифати, јас сум подготвен“!

Агит Кабајел сака следната година да го привлече Александар Усик на спектакуларна борба на стадион во Германија.

Непоразениот шампион во тешка категорија Усик сè уште официјално не го потврдил својот следен потег по нокаутот во јули над Даниел Дубоа.

Моментално е во преговори да се бори против британскиот тешкаш Фабио Вордли, кој неодамна доби наредба од ВБО да биде следниот предизвикувач за титулата.

Сепак, Украинецот неодамна навести дека има планирано уште неколку борби и е отворен за разни можности во иднина.

Кабајел, опасниот привремен шампион на ВБЦ, се надева дека ќе биде подготвен за борба против Усик во 2026 година. Непоразениот Германец верува дека пресметка со Усик на стадион во неговата татковина би бил логичен потег:

„Зошто да не“? – изјави Кабаел за Бокс нејшн кога беше прашан за потенцијален судир со Усик.

„Навивачите ќе кажат дека Агит Кабајел е најдобриот удирач во тело во категоријата. Има многу Украинци во Германија. Лесно е да се наполни стадионот со таква борба.

„Мојот последен настап беше одличен. Ако Усик прифати, подготвен сум“.

Секако, Кабајел прво треба да ја помине борбата закажана на 10 јануари, кога ќе се соочи со исто така непоразениот Дамијан Книб – победата би му го отворила патот да ја нападне титулата на Усик.

Многумина во тешката категорија веќе го сметаат за некој кого никој не сака да го предизвика и веруваат дека би можел да предизвика најмногу проблеми за моментално недопирливиот Усик.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON