Сигурна победа на Адријан Рустемовски за полуфинале и бронза на ЕП во бокс за У-23

Адријан Рустемовски извојува сигурна победа против Словакот Лукас Вимислицки на Европското првенство во бокс за млади сениори до 23 години во Ереван, Ерменија, во организација на ЕУБЦ и се пласира во полуфиналето, а со тоа обезбеди најмалку бронзен медал.
Рустемовски боксираше сигурно во сите три рунди, осбоено во првата, кога му броеја на Словакот. Во втората и трета одеше на сигурни удари и избегнување на директна пресметка. Во трета рунда се забележа и исцрпеност, затоа цело време одеше во клинч.
Во полуфиналето на 8 ноември ќе ги одмери силите со рускиот боксер Хамзат Матиев.
Европско првенство У-23:
60 кг
Адријан Рустемовски – Лукас Вимислицки (Словачка) 5-0 ¼ финале
Адријан Рустемовски – Хамзат Матиев (Русија) ½ финале
57 кг
Ален Рустемовски – Владимир Хелбановски (Молдавија)/Артрур Аветикјан (Ерменија) ½ финале 9 ноември



