Историски успех на Катерина Ацевска, освои бронзен медал на Светското првенство во џиу џицу во Банког

Голем успех на Катерина Ацевска на Светското првенство во џиу џицу во Банког, Тајланд, која освои прв сениорски медал за Македонија. Ацевска во категоријата над 70 килограми гопостигна најголемиот успех во кариерата освојувајќи го бронзениот медал на СП.
Катерина славеше во првата борба над Нанита Намангам од Тајланд со 15-2, потоа загуби од Ања Груерцке од Греманија со ипон, која и овозможи борба во репасаж за бронениот медал. Во пресметката за бронзата Ацевска беше поуспешна од Алина Сударикова (неутрален настап).
Ацевска била многу близу до пласман во финалето, на 3 секунди водела 8-7, но судиите неправедно ја дисквалификуваат.

Светски првак е Ема Лете од Шведска, а Греманката Гурецке е втора, додека Ацевска и Надина Билјановиќ се трети.
Во сениорска конкуренција има 810 натпреварувачи со 1094 натпреварувачки влезови од 52 држави.
Вториот наш натпреварувач, Данил Николиски, ќе настапи во У-21 во категоријата до 56 килограми во џиу џицу фајтинг. Неговиот меч е на 13 ноември.
На СП за У-16, У-18 и У-21 ќе настапат 1399 натпреварувачи со 1865 натпреварувачки влезови од 52 држави.

Резултати Светско првенство:
+70 кг
Катерина Ацевска – Нанита Намангам (Тајланд) 15-2
Катерина Ацевска – Ања Груерцке (Греманија) 0-50 (со ипон)
Катерина Ацевска – Алина Сударикова (неутрална) 12-9



