Меѓународна сценаММА

Шон О’Мали навести за борба со Умар Нурмагомедов: Тој е еден од најдобрите во категоријата

Поранешниот шампион на УФЦ во бантам категорија, Шон О’Мели (31), призна дека бил импресиониран од вештините на рускиот борец Умар Нурмагомедов и навести дека би прифатил борба со него.

„Умар е проклето добар. Многу технички во стој, одличен напаѓач, а исто така и исклучително силен во граплирањето. Има и одличен тим зад себе. Сметам дека Умар е еден од најдобрите борци во нашата категорија, ако не и најдобриот. Со кого ќе се бори следно? Немам закажано борба, а ниту тој има“, изјави О’Мели за ред корнер ММА на социјалната мрежа X.

Изјавата на О’Мели ги поттикна шпекулациите дека двајцата би можеле да се сретнат во нивниот следен меч – потенцијална борба што фановите долго време ја очекуваа во дивизијата до 61 кг.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON