АктуелноБоксПрофесионален

Френк Ворен: Ако Усик потпише, ќе имаме борба. А ако не го стори тоа, Вордли ќе стане шампион

Се чини дека тимовите на апсолутниот шампион Александар Усик и предизвикувачот број еден Фабио Вордли започнаа преговори во врска со потенцијален меч меѓу двајцата врвни тешкаши.

Непоразениот Украинец претходно изјави дека ќе ја прифати борбата против победникот од мечот Паркер – Вордли.

А минатиот викенд во лондонската О2 арена, Фабио Вордли го победи Џозеф Паркер со прекин во 11-тата рунда и ја освои привремената титула на ВБО.

Добро познатиот промотор Френк Ворен потврди дека тимот на Усик и Вордли започнале разговори и дека ВБО му наложил на Украинецот да ја брани својата титула против британскиот борец.

„Преговорите се започнати“, рече Френк Ворен, а потоа продолжи:

„Ако не се согласиме за условите, борбата ќе оди на аукција. Кој и да победи на аукцијата, одредува каде ќе се одржи борбата. Потоа се потпишуваат договорите и се дефинира датумот на мечот. А потоа останува на Усик дали ќе потпише или не. Ако потпише, имаме борба. Доколку не потпише, Фабио Вордли ќе стане шампион на ВБО и ќе се бори со друг противник“.

Сопственикот на Квинсбери промоцијата откри дека планираат да ја организираат борбата во март следната година на Вембли во Лондон или во Ријад.

„Би сакал борбата да се одржи во Лондон, а може да биде и во Ријад. Би ја организирал на Вембли и верувам дека настанот би бил распродаден до последното седиште“, рече Френк Ворен и додаде:

„Знаете што добивате со нив – ќе биде спектакл. Фабио е еден од највозбудливите борци во светот, тој е атракција и голема мамка за навивачите. Во својата борба во Ипсвич привлече 27 илјади гледачи на стадионот, а врнеше силен дожд. А сега докажа колку е голема ѕвезда, и тоа само ќе расте“.

Фото: (Leigh Dawney, Queensberry)

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON