Генади Головкин влегува во боксерскиот менаџмент – кандидат за претседател на Светски бокс (World boxing)

Поранешниот светски шампион во средна категорија Генади Головкин официјално ја објави својата кандидатура за претседател на Меѓународната боксерска федерација.
„Пријатели, донесов важна одлука – да се кандидирам за претседател на Меѓународната боксерска федерација“, напиша 43-годишниот Казахстанec на социјалните мрежи.
Головкин нагласи дека негова главна цел е да ја зачува олимписката иднина на боксот и да ја врати довербата во управувањето со спортот:
„Мојата мисија е да ја зачувам олимписката иднина на боксот, да изградам доверба и да ги поддржам спортистите, тренерите и федерациите во нивните напори за развој на нашиот спорт. Нашата цел е целосно признавање од страна на МОК и потврда за присуството на боксот на Олимписките игри – во Лос Анџелес 2028, Бризбејн 2032 и понатаму“.
Головкин ќе се соочи со грчкиот спортски службеник Мариолис Чарилаос на изборите, кои ќе се одржат на 23 ноември.
Како професионалец, легендарниот борец познат како „ГГГ“ ја заврши својата кариера со импресивен резултат од 42 победи, 2 порази и 1 нерешен резултат пред да се пензионира во 2022 година, по поразот од Сoл Алварез во Лас Вегас.



