АктуелноМеѓународна сценаММА

Том Аспинал: Подготвен сум за навистина тешка борба

Том Аспинал ќе се соочи со Сирил Гане во следната борба. Англичанецот не разбира зошто некои фанови и медиумите мислат дека Гане ќе биде лесен противник. На УФЦ 321 кој ќе се одржи на 25 октомври во Абу Даби, Том Аспинал ќе се соочи со Сирил Гане за титулата во тешка категорија.

Пред претстојниот судир Англичанецот им изјави на медиумите:

„Мислам дека постои перцепција меѓу некои од медиумите и фановите дека Сирил не е многу добар, што е целосна бесмислица. Но, мислам дека е навистина, навистина добар. Тој е многу талентиран и со години е на врвот на тешката категорија, што не е лесно“.

Англичанецот додаде:

„Тој беше привремен шампион. Имаше две борби за титулата, па мислам дека човекот е навистина добар. Го сфаќам исклучително сериозно. Фактот дека луѓето очекуваат лесна борба воопшто не ме загрижува. Подготвен сум за навистина тешка борба“.

Том Аспинал се бори професионално од 2014 година. Се борел осумнаесет пати, од кои победил во петнаесет. Го освои привремениот појас на УФЦ во ноември 2023 година. Том ја одбрани титулата на УФЦ 304, кој се одржа на 28 јули 2024 година во Англија. По пензионирањето на Џон Џонс Аспинал стана неприкосновен шампион.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by UFC (@ufc)

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON