АктуелноБоксПрофесионален

Тимот на Усик одговори на повикот на Тајсон Фјури за трилогија против апсолутниот шампион

Поранешниот шампион во тешка категорија на ВБЦ, Тајсон Фјури, го објави своето пензионирање во јануари, само неколку недели по неговиот втор пораз од Александар Усик.

Украинската сензација го победи „Џипси Кинг“ со поделена одлука во мај минатата година. Фјури беше нокаутиран во деветтата рунда.

Во таа борба Усик ги обедини титулите во тешка категорија за прв пат по 25 години, станувајќи првиот борец што го сторил тоа во ерата на четири појаси.

Набрзо ја напушти титулата на ИБФ за да се закаже втора борба против Фјури. Усик беше подобар и во реваншот, победувајќи со едногласна одлука.

Во јули оваа година Украинецот со нокаут во петтата рунда го победи Даниел Дубоа, за да го врати појасот на ИБФ, станувајќи по втор пат апсолутен шампион во кралската дивизија.

Откако ја покори конкуренцијата во полутешка категоријата, Усик го направи истото и во тешката дивизија, победувајќи ги двапати Даниел Дубоа, Ентони Џошуа и Тајсон Фјури, кој сè уште верува дека може да го запре.

Кралот на Ромите е надвор од рингот веќе десет месеци, но покажува интерес за враќање. Многумина се надеваат дека причината за неговото евентуално враќање ќе биде дуел со Еј-Џеј, но не ја крие желбата за трилогија против Усик.

Советникот на тимот на апсолутниот шампион во тешка категорија, Сергеј Лапин, неодамна за списанието „Ринг“ изјави дека не е сигурен дали Усик сака трет меч против Фјури.

„Теоретски, тоа е интересна опција, но за кого? Ако љубителите на боксот навистина ја поддржуваат идејата, тогаш можеби. Сепак, според мене, тоа поглавје е веќе затворено“, рече Сергеј Лапин.

Усик објави дека ќе се врати на рингот дури следната година, а неговиот можен противник треба да биде победникот од саботниот елиминаторски меч на ВБО меѓу Џозеф Паркер и Фабио Вордли.

Нема сомнение дека Усик би можел да преговара за рекорден хонорар за трета борба против Усик, многу повисок од потенцијалната борба со Паркер или Вордли.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON