Тајсон Фјури ја загубил мотивацијата и размислува за повлекување, иако шеици нудат тешки милиони за реваншот со Кличко

Tajson-fjuri selotejp

Светскиот шампин Тајсон Фјури минатиот ноември ги освои титулите во ВБА, ВБО и ИБФ верзиите откако со едногласна одлука на судиите го победи долгогодишниот шампион Владимир Кличко. Мечот се одржа во Дизелдорф, Германија.

Сепак, во боксерскиот свет изминативе неколку дена на големо се најавуваше сензационален реванш за кој допрва треба да се договорат условите за тоа каде и кога ќе се случи.

Новиот шампион без големо размислување го прифати предизвикот на Кличко за реванш борба, па иако извесно е дека истата сигурно ќе се одржи, во овој момент непознато е само за која од доставените пет атрактивни понуди ќе се одлучат двете страни.

„Има пет опции,но се надевам дека нема повторно да боксираме во Германија. Попрво би одел во Абу Даби или Катар. За овие места веќе разговаравме и за меч на јахта. Еден шеик од Дубаи ни порача дека сака да ја организира борбата во неговата јахта и тоа пред само 120 луѓе. Не сакаше мечот да биде пренесуван на телевизија, но порача дека секоја од 120-те влезници ќе ги продаде за еден милион долари. Сигурно ќе добиев добар дел од парите, но сепак тоа нема да се оствари. Ќе ми биде мило да боксирам со Кличко без разлика која ќе биде крајната дестинација“, изјави Фјури за „Дејли меил“.

За разлика од Дели меил, ББС пренесува друг став на Фјури:

„Не можам да се мотивирам. Може да се откажам. Може едноставно да ги кренам едрата во насока на зајдисонцето и да живеам нормален живот“, рече Фјури. Тој претпочита да посвети поголемо внимание на семејството, наместо се уште да брка пари.

„Го исполнив својот сон да ја освојам титулата. Тоа ме држи, но сега веќе размислувам дека имам живот и по боксот и се уште не знам што да правам. Дури не сум сигурен дали ќе се борам во реваншот против Кличко“,истакна Фјури.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО