АктуелноБорењеДомашна сцена
Во сабота ќе се одржи 3.Меморијален турнир „Тони Танчев“

Во сабота ќе се одржи 3.Меморијален турнир во борење „Тони Танчев“ во ОУ „Гоце Делчев“ во Конче со почеток во 11 часот
„Турнирот ќе се одржи во Општина Конче и ќе биде можност да му оддадеме почит на Тони, како и да го продолжиме неговото наследство преку спортот кој тој неизмерно го сакаше“, истакнуваат од Бучим чампиони од Конче, клуб кој го основаше Танчев.

„Ве покануваме сите заедно да ја покажеме нашата поддршка и љубов, и да го одбележиме овој значаен настан. Присуството на секој од вас ќе биде доказ дека споменот за Тони ќе живее вечно. Да се собереме, да се потсетиме и да го прославиме животот на еден вистински борец“, истакнуваат од клубот



