Ѓуро Илиќ го одбележува големиот јубилеј – 50 години тренерска кариера

Високите гости, мајстори на будо вештините се во Битола на покана на мајсторот по боречки вештини Ѓуро Илиќ, кој утре со свечена академија ќе одбележи 50 години тренерка кариера.
Меѓу гостите се Хидехару – претседател на Интернационална будо федерација), Асами – мајстор на вештини, двaјцата од Јапонија, Мејфилд од САД (потпретседател) како и гости и ученици од Лозница, Србија со нивниот мајстор Буразеровиќ.
Членови од јапонската и српската будо федерација, предводени од Ѓуро Илиќ денес имаа средба со градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, кој на Илиќ му го честита јубилејот 50 години тренерска кариера, а посебно и Орден за заслуги за извонреден придонес за промоција на будо и јапонската самурајска култура ширум светот, кој му го додели Јапонската будо федерација.
Илиќ како одличен домаќин на гостите им ги покажа и знаменитостите на Битола, а вечерва во Будо центарот Пелистер имаа заеднички тренинг и презентација на вештини.



