АктуелноБалкански првенстваБорење

Штипјанката Андреа Нисева по четврти пат стана балканска шампионка

Штипјанката Андреа Нисева по четврти пат стана балканска шампионка. Нисева на Балканското првенство во Клуж, Романија, го освои златниот медал во кадетска конкуренција (У-17) во категоријата до 61 килограм.

За жал, и овој пат ќе констатираме дека медалот е освоен за репрезентацијата на Бугарија. Сепак, ова за штипскиот клуб Олимпија е уште еден голем успех.

Нисева во првото коло славеше против нашата репрезентативка Тамара Цветковска 10-0, потоа и против Молдавката Р. Сирбу,  а во финалето ја совлада борачката од Србија Х. Орослја. Андреа сите борби ги доби со технички туш 10-0. Со тоа покажа дека нема конкуренција на Балканот.

Ќе потсетиме Андреа беше балкански шампион во Букурешт 2022 година, во Серес  2023 г. и во Скопје 2024 г..

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON