АктуелноБалкански првенстваБорење
Марио Ананиев и Садије Дура освоија бронзени медали на Балканското првенство во борење

Вчера Марио Ананиев и Садије Дура освоија бронзени медали на Балканското првенство во борење во романскиот град Клуж.

Ананиев и Дура медлите ги освоија во кадетска конкуренција (У-17) во категориите до 71 кг и 53 кг.

Бојана Ковачова(53кг.) имаше директна пресметка за бронзата со Дура и го освои петтото место. Во борба за бронзен медал не успеа Тамара Цветковска(61кг) и таа се петтопласирана.



