Боксерските репрезентации на подготовки во Златибор пред важните настапи

Нашите репрезентативци се пред серија важни настапи.
Националната боксерска федерација ги испрати репрезентативци во јуниорска, младинска и сениорска конкурнција на подготовки во Златибор, Србија.
Подготовките ќе се одржат во периодот од 8 до 12 октомври. Потоа нашите репрезентативци ќе настапат во Пале на Отвореното првенство на Балканот, кое ќе се одржи од 14 до 19 октомври во четири возрасни категории — кадети, јуниори, младинци и сениори, и е отворено за учесници од целиот свет.
Дел од боксерите, сениорите, ќе земат учество и на Меморијалниот турнир „Марко Бошњак“, кој ќе се одржи од 16 до 18 октомври во Загреб, Хрватска, што претставува уште една одлична можност за натпреварувачко искуство и спортска промоција на Македонија.
Додека јуниорите ќе настапат и на Европското првенство до 15 години, кое ќе се одржи во Будва, Црна Гора, од 16 до 26 октомври, каде што ќе се натпреваруваат со најдобрите млади боксери од целиот континент.
„Боксот продолжува да расте со неверојатна брзина, а ние сме повторно тука — не само да бидеме сведоци на тој развој, туку и активно да придонесеме за негово остварување“, порачаа од Боксерската федерација.



