Рајан Гарсија: Генади Головкин не заслужува место во Куќата на славните

Поранешниот двократен светски шампион во средна категорија Генади Головкин не заслужува место во Боксерската куќа на славните, според популарниот американски боксер Рајан Гарсија. Според него, ова признание е резервирано само за „вистински големите“, а Головкин не го исполнува тој стандард.
43-годишниот Казахстанец, кој со години доминираше во средната категорија и ja predводеше ранг-листата на магазинот „Ринг“, беше вклучен во гласачкото ливче на Меѓународната боксерска куќа на славните за прв пат во Канастота и е меѓу фаворитите за влез во 2026 година.
„Прво на сите, Головкин немаше никакви навистина големи победи. Кого победи? Единственото нешто за кое можам да му оддадам признание е тоа што долго време беше суперѕвезда. Но, не мислам дека тоа е доволно за да влезе во Куќата на славните“, рече Гарсија во интервју за Инсајд ринг шоу.
Водителите Макс Келерман и Мајк Копингер ги оспорија неговите зборови, велејќи дека е невозможно да се зборува за боксот во 2010-тите без да се спомене Головкин. Сепак, Гарсија остана на својот став.
„Им ставив до знаење на сите дека се вика Сала на славните, но луѓето повеќе не го ценат тоа име. Не ме интересира кој ќе влезе или ќе излезе, но очекувам одредено ниво на величина кога ќе помислам на Салата на славните“, напиша Гарсија на социјалните мрежи – пред подоцна да ја избрише својата објава.



