АктуелноДруги вештиниЏиу џицу - БЏЏ

Катерина Ацевска жртва на судиска неправда на ЕП, го освои петтото место

Катерина Ацевска е петта на Европското џиу џицу првенство во Беврен, Белгија, во сениорска конкуренција.

Ацевска е близу до европскиот и светскиот врв кај сениорките во џиу џицу фајтинг, малку и фали да освојува медали, иако е новалија во оваа конкуренција.

Првата борба ја загуби со тесен резултат, а втората директна ја доби со фул ипон. Прашање на време е кога ќе почне да ги освојува сениорските медали. Прв предизвик е Светското првенство во Тајланд.

Според селекторот Александар Ацевски таа жртва на судиска неправда.

Резултати ЕП:

Катерина Ацевска – Александра Гросу (Романија) 12-15
Двојна – елиминација три
Катерина Ацевска – Каја Орзечовска (Полска)
Катерина Ацевска – Бијанка Фајхтлбауер (Австрија) 50-0 со ипон
Катерина Ацевска – Александра Гросу (Романија)

„Кетрина 5. место во Европа, прва на Балканот и со новите бодови најверојатно осмма во светот (на светската ранг-листа – н.з)“, вели селекторот Александар Ацевски и додава:.

„Далеку од лошо, со оглед на јаката конкуренција. Првата борба со Романката, која прв пат се појавува на Европско и која нема ранг, Кетрина апсолутен фаворит, но судиите имаат друг план.

Да скратам, победи Романката. Оддамна не сум гледал со свои очи ваков срам и резил (има видео).

Кетрина падна на психолошки план. Брзо се враќа во живот. Во втората борба победува против Полска. Во третата борба слевеше против натпрварувачка од Австрија. Доаѓаме до борба за медал, а жребот пак не носи до истата Романка. Повторно хаос, 10 минути стои борилиштето се прави нов жреб. Каетрина паѓа со Германка која е втора во светот и губи. Губи и Романката од Хрватка, и, поради подобра бод разлика, Кетрина повторно пред Романката. Не се жалам, напротив, задоволен сум, за 3-4 години светот ќе слуша за нас“.

Ацевски вели дека собрале големо искуство и се поподготвени за Светското првенство на Тајланд следниот месец.

„Голема благодарност до Христијан Јованов кој го презема целиот товар врз себе и за овој турнир, но и за нашето учество на Светското првенство.  Грижливо и посветено кон децата и целиот тим.

А ти Кетрин главата горе, твоето време доаѓа. Изгуби од натпреварувачка од Германја која има 22.000 регистрирани борци, па од нив се прави селекција.

А јас, не се откажувам така лесно, неправдите ме прават посилен, Никој и ништо не може да ме скрши“, напиша Ацевски..

Ќе потсетиме дека вечра Данил Николиски во У-21 се пласира на петтото место.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON