Борец се повлече од УФЦ 320 шест дена пред настанот

Малку повеќе од една недела пред спектакуларниот УФЦ 320 во Лас Вегас, борбената картата претрпе промена. Американецот Ози Дијаз (10-3 MMA, 1-1 УФЦ) објави на Инстаграм дека нема да може да се соочи со Атеба Готје (8-1 MMA, 2-0 УФЦ) поради медицински проблем.
„Имам навистина тешки вести. По консултациите со мојот тим и медицинските професионалци, морав да донесам катастрофална одлука да се повлечам од борбата оваа недела. Моето здравје и безбедност мора да бидат на прво место. Се извинувам на УФЦ и на мојот противник Атеба Готје. Оваа одлука беше многу тешка, но верувам во Божјиот план и знам дека ќе се вратам посилен“, напиша Дијаз.
Тој нагласи дека одлуката „ми го крши срцето“, но е непоколеблив дека ќе продолжи да се бори и да бара враќање во октагонот што е можно поскоро.
Сè уште не е познато дали Готје, кој е меѓу најперспективните имиња во дивизијата по две спектакуларни победи во УФЦ, ќе добие нов противник. Доколку не се најде замена, на УФЦ 320 на распоредот ќе останат 13 борби.



