На Мејведер му нудат „луди цифри“ за враќње во рингот

floyd mayweather vegas arrival

Пензионираниот великан, Флојд Мејведер (49-0, 26 КО), тврди дека му биле понудени „луди цифри“ да се врати во рингот.

Еден од најдобрите боксери на сите времиња замина во пензија непоразен во септември минатата година по победата против Андре Берто.

„Мани“ не кажа колкави се понудите, но посочи дека се работи за деветоцифрени износи. И покрај големите понуди, нема намера да се врати во рингот, а ако се врати, вели дека тоа нема да биде поради парите.

„Во овој момент целосно сум надвор од тоа. Ако ме зачеша враќањето, тоа нема да биде поради парите, иако ќе мора да бидам платен. Затоа е мојот прекар Флојд „Money (пари)“ Мејведер“, изјави за Би Би Си.

Американецот (38 г.) ја отфрли можноста за реванш со Мани Пакиајо.

„Се што ќе слушнете дека Мајкл Конц и неговиот промотор Боб Арум зборуваат се потлони лаги. Лаги. Не сум разговарал со Боб Арум и не сум зборувал со Мајкл Конц“.

„Што се однесува до Мејведер промоушнс, јас диктирам и контролирам што се случува. Леонард Елербе е директор, но се оди преку мене и јас треба да дадам зелено светло за се“.

„Животот е сјаен. Поради тоа што ризикував моето семејство има удобен живот. Тоа беше крајната цел. Среќен сум што можам да бидам во таква ситуација. Фрли ја коцката и ризкувај. Го напуштив училиштето по средното образование, оставив се зад себе, заминав од семејството за да работам нешто што сакам и што на долг рок се исплатеше“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО