АктуелноДруги вештиниЏиу џицу - БЏЏ
Македонија со тројца натпреварувачи на Европското првенство во џиу џицу во Белгија

Македонската џиу џицу федерација ги претставуви тројцата натпреварувачи кои ќе учествуваат на Европското првенство во Беврен, Белгија, од 2 до 5 октомври.
Боите на Македонија ќе ги бранат:

Катерина Ацевска – сениори +70 кг

Данил Николиски – јуниори -56 кг

Зоран Колевски – јуниори -62 кг
Во категоријата на Ацевска има 11 натпреварувачки, кај Николиски 12 и кај Колевски 21..
Репрезентацијата за Беверен заминува на 1 окстомври (среда), мерењето на борците е во четврток, додека борбите се во петок и сабота.
Во таборот на репрезентацијата се оптимистички расположени и очекуваат враќање со медал од ЕП.



