Фати Вејсели најдобар пеливан на Балканскиот турнир во Студеничани

Вчера се одржа Балкански пеливански турнир во Студеничани, Скопје, на кој во најатрактивната 1.категорија триумфира нашиот репрезентативец Фати Вејсели.
Во финалниот меч во баш категорија Фати Вејсели во финалето триумфира против турскиот претставник Арсланташ. Победа на поен и е прогласен за најдобар пеливан на турнирот, освојувајќи ја титулата баш пеливан.
Турнирот, според календарот на Пелеиванска федерација на Македонија е најголем во Македонија, на кој учествуваа шест балкански држави: Турција, Бугарија, Грција, Албанија, Косово и Македонија.
Победници по категории:
1- категорија
1.Фати Вејсели – Македонија
2.Бајрам Арсланташ – Турција
3.Христос Смартидис – Грција
2-категорија
1.Гуркан Балџи – Турција
2.Михалис Аркитидис – Грција
3.Фадил Назифов – Македонија
3-категорија
1.Бехар Демири – Македонија
2.Џахид Латифи – Македонија
3.Мусин Алиу – Македонија
4-категорија
1.Трим Исмаили – Македонија
2.Оргест Лила – Албанија
3.Хамза Рушиди – Македонија
5-категорија
1.Фидан Реџепи – Македонија
2.Суфјан Синани – Македонија
3.Илхан Муртези – Македонија



