ОстанатоЏудо

Почина југословенската џудо легенда Славко Обадов

Славко Обадов (1948-2025), југословенски и српски џудист, почина денес во Нови Сад.

Тој испиша историја освојувајќи го првиот медал за југословенското џудо на Олимписките игри во Монтреал во 1976 година. Добитник е на голем број награди и признанија, вклучувајќи ја наградата „Спартак“ двапати, Мајската републичка награда за животно дело, Октомвриската награда, Повелбата на градот Нови Сад, три златни значки на СОФК на Југославија, сребрена значка на ФИЛА… Четири пати беше прогласен за спортист на градот Нови Сад, а во 1973 година за спортист на Војводина. Џудо федерацијата на Југославија повеќе пати го прогласуваше за најдобар џудист во земјата. Носител е на националното признание на Република Србија.

Славко Обадов учествувал на Олимписките игри три пати – во 1972, 1976 и 1980 година. На светските и европските првенства освоил 12 медали во поединечна и екипна конкуренција, златни, три сребрени и осум бронзени…

Својата кариера како натпреварувач и тренер ја одбележал со успеси. Како јуниор и сениор, бил шампион на Југославија 20 пати, а со неговата Славија трикратен шампион на држвата, четирикратен шампион на Балканот, шампион на Медитеранот во 1975 и 1979 година.

Работел како тренер две децении, а бил и селектор на сите наши национални селекции.

Докторирал на Факултетот за спорт и физичко образование на Универзитетот во Нови Сад, каде што бил редовен професор две децении и предавал дури седум предмети на основни академски студии, стручни студии, магистерски и докторски студии. Како професор предавал на повеќе од 150 дипломирани студенти, 11 магистранти и двајца докторанти. Во текот на дваесет години образовна и научна работа, тој објавил 120 научни трудови, три универзитетски учебници, четири монографии.

Легендарен, трофеен џудист, еден од најуспешните во регионот, ја круниса својата импресивна спортска кариера, која траеше шест децении, со титулата мајстор на 10-тиот ДАН. Обадов го доби највисокиот степен на мајсторство во џудо, за најголемите достигнувања и развој на нашиот спорт.

Обадов имаше многу пријатели и ученици во Македонија, како во џудото, така и во реалното аикидо.

Нека почива во мир!

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON