Злато и две бронзи за самбо репрезентацијата на Европскиот куп во Нови Сад

На Европскиот самбо куп во Нови Сад, Србија, македонските натпреварувачи остварија извонредни резултати и уште еднаш ја претставија нашата земја на достоен начин, се закитија со три одличја – 1 златен и 2 сребрени медали.
Мусај Беслими – освои злато во категоријата, со што го потврди својот врвен квалитет и посветеност на спортот.

Стојанче Стојков – постигна значаен успех со освоеното трето место, носејќи медал и придонесувајќи за вкупниот успех на македонската репрезентација.

Мелани Митевска – исто така се закити со борнза, со што покажа дека и нашите женски натпреварувачи се рамноправни и подготвени за големи успеси на меѓународната сцена.
Овие резултати се голема потврда за квалитетната работа на тренерите, клубовите и Федерацијата, кои со континуирана поддршка овозможуваат развој и напредок на самбо спортот во Македонија.
Македонската самбо федерација со гордост ја истакнува својата посветеност кон младите спортски таленти и ќе продолжи да вложува во нивниот развој и афирмација на меѓународната спортска сцена



