АктуелноДомашна сценаКик бокс
Четворица кикбоксери ќе настапат на Европското првенство за млади во Италија

Од 12 до 21 септември во Јесоло-Венеција, Италија, се одржува Европското кик бокс првенство за млади. Македонија ќе настапи со четворица репрезентативци.
Боите на нашата репрезентација ќе ги бранат:
Калин Бабоски -63 кг, постари јуниори, лоу кик
Андријано Димишковски -63 кг, постари јуниори, лоу кик
Марија Димовска -60 кг, постари јуниори, лоу кик
Лука Змејкоски +81 кг, помлади јуниори, лоу кик.
На ЕП ќе настапат 1854 кикбоксери со 2404 натправрувачки влезови од 41 држава.



