АктуелноБоксПрофесионален

Откриени наводните хонорари на Канело и Крофорд за мега борбата во Лас Вегас

Шпанското издание „Марка“ објави информации за загарантираните хонорари што ќе ги добијат ѕвездите Сол Алварез – Канело и Теренс Крофорд за нивната претстојна борба на 14 септември во Лас Вегас. Тие ќе се соочат во борба за титулата апсолутен светски шампион во велтер категорија.

Според податоците, Канело (35 години) ќе добие 150 милиони долари, а Крафорд (37 години) 50 милиони долари.

Во последната борба на 3 август 2024 година во Лос Анџелес, Крафорд го победи Узбекистанецот Израил Мадримов со едногласна одлука на судиите (116-112, 115-113, 115-113).

Од друга страна, Канело се бореше на 4 мај во Ријад, каде што исто така победи со едногласна одлука над Вилијам Скул и си ја врати титулата апсолутен шампион во велтер категорија.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON