АктуелноМеѓународна сценаММА

Усман Нурмагомедов ги отфрли претензиита на Илија Топурија за број 1 во лесна категорија

Шампионот на ПФЛ, Усман Нурмагомедов, не е импресиониран од новиот крал на лесната категорија на УФЦ, Илија Топурија. Дагестанецот е убеден дека „Ел Матадор“ сè уште нема скор за да се смета за најдобар борец во лесна категорија во светот.

Досега, Нурмагомедов отсекогаш го признавал Ислам Махачев како број 1 во дивизијата, чекајќи го денот кога неговиот близок пријател и соборец или ќе се искачи во потешка категорија или ќе се пензионира. Тоа веќе се случува – Махачев се откажа од титулата во УФЦ до 70 кг и се искачи во велтер категорија, каде што ќе се соочи со шампионот Џек Дела Мадалена.

„Не сакам да се ставам како број 1 бидејќи Ислам е сè уште во лесна категорија. Кога официјално ќе се искачи, тогаш ќе видиме“, изјави Нурмагомедов за ММА фајтинг.

Откако титулата беше испразнета, УФЦ брзо круниса нов шампион – Илија Топурија, кој во јуни го освои појасот со нокаут над Чарлс Оливеира и стана двократен шампион во различни тежински категории. Сепак, Нурмагомедов не мисли дека Шпанецот го заслужува првото место на светската ранг-листа.

„Ајде сега… Како може Топурија да биде број 1 во светот во лесна категорија? Тоа е невозможно. Има само една борба во категоријата. Јас имам 19. Победив поранешни шампиони, победив шампиони. Мојот скор е многу подобар. Колку борби има тој? 14? Имам 14 победи со завршница во мојата кариера“, нагласи Нурмагомедов.

Дегестанецот повеќе од еднаш навести дека сака да ги тестира своите вештини во УФЦ, па судирот со Топурија еден ден изгледа сосема можен. Засега, сепак, тој е фокусиран на сопствената кариера – во октомври има реванш против Пол Хјуз, откако го победи со одлука во првиот меч.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON