
Ахмед Магомедов е на завршни подготовки во Гори, Грузија, во елитниот центар Гори ин, каде што се собраа повеќе од 100 најдобри борачи кои ќе учествуваат на претстојното Светско првенство во Загреб.

Во Грузија остануваат до 27 август , а од 28 август до почетокот на Светското ќе биде во Баку со aзербејджанската репрезентаџија.
Претставниците од Грција, Казахстан, Ерменија, Молдавија, Австрија, Бугарија и Грузија присуствуваа на заеднички подготовки и контролни борби.

На контролните борби, три наутро и две попладне, Ахмад докажа дека е во најдобра форма и ги победи сите свои ривали.
Веројатно тоа значи дека во однос на квалитетот ќе претендира да освои медал на светското првенство.



